Шулц предупредува на последиците ако Грција излезе од еврозоната

Од:

Претседателот на Европскиот совет Мартин Шулц предупреди дека доколку Грција излезе од еврозоната ќе треба да се откаже од фондовите и субвенциите од Брисел.

– Не можеш да излезеш од еврозоната, да не ги враќаш долговите и да очекуваш дека парите од буџетот на ЕУ ќе продолжат да доаѓаат, изјави Шулц во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тој потенцираше дека ќе стори се што е можно за да не се дојде дотаму.

Досега Шулц воопшто не сакаше јавно да ја коментира ни можноста Грција да ја напушти еврозоната. Но промената во реториката доаѓа поради зголемените тензии пред утрешната европска средба на врвот во Брисел.

Грција и кредиторите се уште се надеваат дека ќе постигнат договор за „режорми за свежи пари“, иако преговорите се во ќор сокак во последните пет месеци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски