Штрајкуваат хрватските железничари

Од:

Дел од хрватските железничари денеска штрајкуваат и протестираат за да предупредаат на катастрофалната состојба во Хрватските железници (ХЖ) и во претпријатијата ќерки, загрозената безбедност на сообраќајот, отсуство на социјален дијалог, нерешавање на големите проблеми, промашените деловни одлуки и кршењето на работничките права.

Од 12 до 14 часот беше оддржан штрајк на предупредување на Синдикатот на машиновозачите на Хрватска во компанијата ХЖ Карго, што се занимава со товарен превоз, додека Синдикатот на железничарите на Хрватска оддржа протест пред зградата на владата.

Синдикатите бараат разговори со управата на ХЖ за судбината на 2.800 работници на ХЖ Карго, која за два до три месеца може да се најде во колапс, додека управата на ХЖ во оваа компанија најавува откази за 700 лица.

Во ХЖ Патнички сообраќај проблеми има со работното време на вработените и безбедноста на сообраќајот бидејќи се потребни итни вложувања во нови локомотиви и вагони.

Во ХЖ Инфраструктура синдикатот потпиша додаток на колективниот договор со кој се откажа од примањата за Божик и од регресот во замена за гаранција дека оваа година веќе нема да има откази, но синдикатот има информации дека по 30 јуни би можело да има отпуштања за 400 лица.

Шефовите на синдикатот за социјалниот дијалог во ХЖ разговараа со министерот за поморство, сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ, но без резултати бидејќи министерот изјавил дека не може да ги решава проблемите во ХЖ со синдикатите, тукутоа мораат да го стората управата и синдикатите.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин