Шпанија ја носи Европа во провалија

Од:

Еврото умира во Шпанија. Амриканската агенција „Фич“ го снижи кредитниот рејтинг во четири шпански региони како и во Барселона и Мадрид, еден ден откако го спушти кредитниот рејтинг на Шпанија за три степени.

Шпанија сега падна на чекор до кредитниот рејтинг наречен „ѓубре“, што на инвеститорите им порачува да не вложуваат во државата бидејќи е пред банкрот.

Се очекува Шпанија да остане во рецесија во текот на целата година но и во 2013 година, што е во спротивност со претходната прогноза дека следната година следи делумно закрепнување на економијата.

Агенцијата „Standard and purs“ наведува дека загубите на шпанските банки врз основа на проблематични кредити ќе бидат помеѓу 80 и 112 милијарди евра. Според европските аналитичари, по последните проценки на агенциите за бонитет, еврозоната се наоѓа пред провалија.

Би можело да ве интересира

Два дена хаос во возвите во Шпанија поради украдени кабли

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Шпанија прогласи вонредна состојба

А1он

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он