Шпан: Германија бара промени на политиката на ЕЦБ

Од:

Германскиот заменик министер за финансии, Јенс Шпан, од Европската централна банка (ЕЦБ) побара ведаш да ја промени својата невообичаена монетарна политика.

– Европската централна банка треба да обезбеди дека нема премногу доцна да ја напушти својата невообичаена политика, изјави Шпан на конференција за Трансатланските односи во германското Министерство за надворешни работи.

Со изјавата за герамнските медиуми Шпан, кој е член на партијата ЦДУ на канцеларката Меркел, најави дека Германија како најсилна европска економија ќе лобира за олабавување на строгите принципи на заедничкиот банкарски систем на ЕУ, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД