Шолц: Нема да има недостиг од гас оваа зима, од следната година Германија нема да биде зависна од Русија

Од:

Германија треба да биде целосно независна од рускиот гас до крајот на следната година, а нема да има недостиг од гас ниту оваа зима, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Добро сме подготвени за оваа зима и тоа е позитивна порака“, изјави Шолц на конгресот на Здружението на германските работодавачи во Берлин.

Тој додаде дека поради добрата пополнетост на резервоарот, што во моментов е 86 отсто, не се очекува недостиг од гас.

Шолц рече дека целосна независност од рускиот гас се очекува до крајот на 2023 година.

„Изградбата на ЛНГ терминалот напредува и ќе увезуваме гас од САД, Норвешка и други земји“, рече Шолц.

Истовремено, канцеларот како проблем ја наведе високата цена на енергијата. Во таа насока тој ја поздрави најновата одлука на Европската комисија со која се ограничува профитот на енергетските компании што треба да резултира со намалување на цената на струјата.

„Предлогот на Европската комисија е речиси идентичен со она за што исто така се залагавме“, рече Шолц.

Тој се заложи за целосна реформа на пазарот на електрична енергија за намалувањето на цените да се префрли на крајните потрошувачи „уште оваа зима“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори