Шојбле не е оптимист за постигнување договор со Грција

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Волфганг Шојбле изјави дека има малку надеж вечерва да биде постигнат договор со Грција на состанокот на официјални претставници од еврозоната.

– Не сакам да шпекулирам, но подготовките не се на такво ниво за да бидам оптимист дека денеска ќе има резултат, изјави Шојбле откако пристигна на состанокот.

Германија претходно соопшти дека разговорите за грчкиот долг се се уште далеку од крајот и оти трите меѓународни кредитори мора да го прифатат.

– Наш впечаток е дека треба да минеме уште голем дел од патот, изјави Мартин Јегер, портпарол на германското Министерство за финансии.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски