Шојбле: Грција се обврза целосно и во поставените рокови да ги исполни обврските

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за телевизија АРД изјави дека Грција се обврзала за целосно да ги исполни и во поставените рокови своите обврски.

– Кога првото плаќање нема да биде навремено извршено, ќе биде во ситуација, што се нарекува банкрот, предупреди тој. И грчкиот министер за финансии Јанис Веруфакис би требало да го знае тоа, тој е министер за финансии и професор по економија, изјави Шојбле, додавајќи дека на негово место не би сакал да презема така голема одговорност.

Партнерите на Грција минатата недела се согласија за продолжување од четири месеци на програмата за помош на земјата, но објавија дека предвидените средства во висина од околу седум милијарди евра, нема да бидат исплатени пред април. Тоа  е период до кој треба да биде извршена проценка на напредокот на владата на Алексис Ципрас во спроведувањето на реформи во замена за поддршката.

Во март Грција ќе треба да плати околу 1,6 милијарди евра на ММФ и да откупи 4,4 милијади евра во краткорочни обврзници, како и други 2,4 милијарди евра во април годинава.

Би можело да ве интересира

Грчко МНР: Сиљановска го прекрши Преспанскиот договор и Уставот на земјата

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела