Шест нови авиолинии од јуни и јули

Од:

Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ во јуни и јули годинава ќе воведе нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку европски градови.

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе има директен лет до Базел, исто така два пати неделно.

Новите  дестинации се согласно Договорот за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид за периодот од 2015 до 2018 година, потпишан помеѓу Министерството за транспорт и врски и „Виз ер“.

Според Министерството за транспорт и врски, со воведување на новите дестинации се зголемуваат можностите за патување на македонските граѓани и посета на атрактивни локации што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани.

Покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии воведени се директни летови кон Малме, Базел, Милхаусен, Милано, Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран