Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Од:

Постојат стечајци на кои им недостигаат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог-законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34 отсто од просечната месечна нето-плата исплатена по работник претходната година, ќе добиваат 1100 нови стечајни работници.

– Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена, 13 000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обесштетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат не помалку од 52 години, а мажите 55 години, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека Предлог-законот е дел од решавање на прашањето на стечајците кое, како што рече, се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.

– Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните се цел да се опфати што е можно поголем број лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните, рече Шахпаска. ​

Предлог-законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови, соопшти Министетството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска