Секој петти жител во Германија живее на работ на сиромаштија

Од:

Во Германија, и покрај економскиот раст и рекордна ниската стапка на невработеност, 19 отсто од населението живее на работ на сиромаштија, објави денеска Сојузната канцеларија за статистика.

Иако состојбата во споредба со 2016 година е подобрена, сè уште 15,5 милиони граѓани на Германија живеат на работ на сиромаштија, пренесува Хина.

Во Германија тоа се однесува на оние граѓани кои месечно имаат на располагање помалку од 60 отсто од просечната плата. Конкретно, за едночлено домаќинство тоа значи 1.096 евра месечно, а за четворочлено семејство со две деца 2.302 евра.

За акутно сиромашни се сметаат многу помол број граѓани, односно 3,4 отсто. Акутно сиромашни се сметаат оние граѓани кои не се во состојба да платат кирија, греење или комунални трошоци.

Активистите бараат пошироки мерки против сиромаштијата, што би подразбирало и подобра регулација на пазарот на труд и намалување на обемот на работните места на одредено време.

– Растечката благосостојба очигледно не ги зафаќа сите слоеви на општеството. Кога и покрај растечката економија сиромаштијата останува на високо ниво, време е да се прашаме што не е во ред, изјави претседателот на Здружението на заеднички социјални служби Улрих Шнајдер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц