Се зголемува акцизата на цигарите

Од:

Акцизата на цигарите според измени на законот кој стапува на сила од денеска се зголемува за 0,15, односно 0,20 денари годишно се до 2023 година. Проценките се дека цигарите што се продаваат по 50 денари за 10 години би требало да чинат 90 денари.

Данокот и акцизата во структурата на малопродажната цена учествуваат со 75 проценти и може да се очекува да се зголемат цените на цигарите.

И со ова зголемување на акцизата во Македонија цената на име даноци и акцизи ќе биде пониска во однос на ЕУ. Минималното оптоварување во Македонија сега е 26,8 евра на ијалда парчиња цигари, а во Унијата 77 евра.

За десет години давачките во Македонија ќе пораснат на 55 евра за илјада парчиња, а во државите на ЕУ оптоварувањето ќе биде 90 евра.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци