Се воведува прогресивно оданочување – дополнителни 8 проценти данок за доход над 90 илјади денари

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари. Оваа мерка како што рече е поради тоа што „многу наши сограѓани немаат пристап до квалитетно образование и здравство, зашто државата нема доволно пари“.

– Како министер немам право само да зборувам за овие работи, сега имам должност тие да се подобрат. Даночната реформа е за исправање на непрвдата. Праведното оданочување е стандард на најуспешните економии во светот, рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави, рече Тевдовски.

Тој кажа дека и во регионот сите го применувале прогресивниот данок, а како пример ја посочи Албанија.

– Предлагаме дополнителна стапка од 8 проценти за дел од доходот кој надминува над 90.000 денари. Само на дел од доходот што е над 90 илјади ќе се плаќаат дополнителни 8 проценти. На 100.000 денари доход, за 90 илјади ќе се плаќаат 10 проценти данок, додека за преостанатите 10.000 илјади ќе се плаќаат 18 проценти данок, рече Тевдовски.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра кои како што кажа министерот ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.

Освен прогресивното оданочување, Тевдовски најави и зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односон на делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Според него, со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски