Се отвора патот за македонските компании во Туркменистан

Од:

Деловните контакти со турските бизнисмени на македонските компании  им го отвора пазарот во Туркменистан. Тие заеднички ќе настапат на претстојните саемски манифестации од областа на градежништвото, нафтата и гасот што ќе бидат организирани во оваа земја.

Ова е потврдено на Меѓународен инвестициски форум што завршува денеска, а на кој учествува претставник од Стопанската комора на Македонија.

Како што соопшти Стопанската комора, и практично се спроведува договорот со Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) и Одборот за надворешно-трговска соработка на Турција (ДЕИК) постигнат неодамна во Истанбул, за заеднички настап на македонски и турски компании на трети пазари.

На форумот, Биљана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора се сретна со Елмира Рахманова, раководител за меѓународна соработка во Трговско-индустриската комора на Туркменистан. Разговара за воспоставување соработка меѓу двете репрезентативни деловни асоцијации.

Меѓународен инвестициски форум за Туркменистан е под покровителство на претседателот на државата Гурбангули Мердимухамедов, како и на турскиот претседател Абдула Ѓул. Го организираат Туркменистанската трговско-индустриска комора, ТОББ и ДЕИК – Турско-туркменистанскиот деловен совет.

Туркменистан во последните 5 години има раст на БДП од околу 11 проценти и буџет од 70 милијарди американски долари за нови инвестиции до 2016 година од кои 17 се веќе планирани за 2013 година. Туркменистан како четврта најбогата земја во светот со природен гас, е една од главните трговски партнери на Турција и евроазискиот регион. Денеска соработката меѓу двете земји се одвива во неколку полиња, првенствено во стратешко партнерство во меѓународната политика и економија, потоа во градежништвото, енергетиката, текстилот, туризмот, трговијата и едукацијата.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Туркменистан во  2012 година достигнала  вредност од 2,3 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 64 илјади американски долари, додека увозното салдо изнесува 2,2 милиони долари. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 2,1 милиони долари.

Споредувајќи ја трговската размена во 2012 година, евидентиран е пад кај сите параметри. Вкупната размена оствари пад од 44,3 отсто, извозот од 49,2 процента, а увозот бележи намалување од 44,1 отсто.

Во структурата на производите во билатералната размена евидентиран е само увоз на памучно предиво во износ од 2,1 милиони долари. Во 2011 година увозот на памучно предиво изнесува 4 милиони долари.

Како што соопшти Стопанската комора, турските бизнисмени имаат многу придонесено за развојот на Туркменистан уште во првите денови од нејзината независност пред 20 години, но и во последните неколку, Туркменистан е главна дестинација за турските инвеститори во Централна Азија. Во таа насока, во рамките на ДЕИК функционира Турско-туркменистански деловен совет како форма на организирање за унапредување на деловната соработка.

Обемот на надворешната трговија меѓу двете земји постојано се зголемува и изнесува 2 милијарди американски долари во 2012 година, а се очекува да достигне и до 3 милијарди американски долари во 2013 година. Капацитетот на индустриското производство во Туркменистан во последните 5 години е двојно зголемен, а во поглед на инфраструктурните активности таа стана најбрзо растечка земја во Централна Азија.

Главна насока на диверзификација на структурата и развој на извозниот потенцијал на Туркменистан се гледа преку географската експанзија за извоз на природен гас, памук и поголема промоција на туристичките убавини на земјата.

Според податоците од минатата година, во Турменистан се регистрирани околу 600 турски компании. Од независноста на Туркменистан (1991) до денес, вредноста на околу 400 проекти на кои работат турски компании надминува 30 милијарди САД долари, од кои најголемиот дел се во градежната индустрија, но и во текстилот и туризмот.

Во 2012 година повеќе од 4,9 милијарди aмерикански долари вредни проекти се преземени од страна на турските компании во Туркменистан, но постојат уште поголеми можности. Во овој контекст, може да бидат изградени пристанишни објекти на бреговите на Каспиското Море, потребна е натамошна обнова на патната мрежа, изградба на нови пруги, индустриски објекти и изградба на нови станбени проекти.

Според министерот за развој на Туркменистан, Џевдет Јилмаз, инвестициите во инфраструктурата ќе бидат и натаму приоритетни затоа што благодарејќи на нив досега земјата успеа во краток рок целосно да се обнови и да доживее економски раст. Транспортот до сега беше една од главните пречки за поголема економска интеграција на двете земји. Но, постои голем простор за унапредување на состојбите, посебно во делот за барањата за визи, царинските формалности и даноците. Се очекува дел од овие проблеми да биде надминати по завршување на преговорите и влез на Туркменистан како членка на Светската трговска организација.

Меѓу позначајните инвестициски проекти кои беа презентирани од стана на повеќе заменици министри од Туркменистан се проектот „Меѓународен транспортен коридор (север-југ) Казакстан – Туркменистан – Иран“ и проектот за изградба на меѓународниот аеродром во главниот град Ашгабат кој ќе го гради турска компанија и чија вредност се очекува да достигне 2,3 милијарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов