Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Од:

Туристичките агенции ќе претрпат сериозни загуби затоа што граѓани ги откажуваат патувањата за претстојните празници поради доцнењето со издавањето на пасошите.

Оние агенции кои работат со летни аранжмани немаат проблеми до патниците затоа што при потпишувањето на договорите имаат рокови за откажување во случај на немање патна исправа, но трпат најмногу агенциите кои работат неколкудневни тури како што се за претстојните празници 8 март, Први мај и Велигден.

Од една туристичка агенција која работи со екскурзии за „А1он“ открија дека хотелите веќе им наплатиле за сместувањето на туристите, а граѓаните во меѓувреме им откажувале затоа што од МВР ги известиле дека пасошите нема да им стигнат навреме.

„Луѓето се сликале во јануари и дошле да резервираат со информација дека за три недели ќе имаат пасош. Ние имавме собрано бројка на патници за да ги потврдиме екскурзиите со сигурна реализација. На крајот на јануари хотелите ни побараа пари за чување на собите и ние моравме да платиме. Во меѓувреме од МВР им велат на луѓето дека нема да добијат пасош и патниците сакаат да откажат. Ние ги плативм хотелите и не ни враќаат пари ниту ни дозволуваат да промениме термин за да се реализира патувањето, што значи парите ќе ни пропаднат. Патната исправа е одговорност на секој патник, но во овој случај луѓето се сликани два месеци пред реализација на патувањето и немаат пасоши“, велат од агенцијата.

Туристичките оператори предвидуваат дека патувањата за 8 март ќе бидат преполовени, слична судбина ги чека и за Велигден, а бидејќи нема обрасци за издавање на патни исправи, неизвесноста ќе остане и за раната летна сезона во мај и јуни.

Нема да пропаднат аранжманите за Албанија, Србија и Црна Гора затоа што таму може да се влезе без проблеми и лична карта на која не стои додавката „северна“. Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт