Се бара решение за регистрацијата на пензионерите во УЈП за годишната даночна пријава

Од:

Во Управата за јавни приходи се бара решение за пензионерите во однос на системот за регистрација за годишните даночни пријави. Министерот за финансии Драган Тевдовски поддржува решние тие да не се пријавуваат туку по административен пат да се добиваат податоците.

– Наша интенција, а пред се тоа е работа на УЈП, каде веќе работат на изнаоѓање едно решение со што ќе се овозможи пензионерите практично да не поднесуваат пријави, туку по административен пат да се добиваат податоците. Лично го поддржувам тоа, но треба технички да се заврши во УЈП пред да биде јавно кажано, истакна министерот.

Тевдовски смета дека не се во право пратениците од опозицијата, кои денеска во расправата по предложениот ребаланс на буџетот за 2018 година побараа оставка од министерот.

– Не се во право бидејќи ние се соочивме со една финансиска нестабилна состојба и слаба ликвидност, со натрупани обврски со неизмирени обврски што почнавме да ги намалуваме. Јавниот долг како процент од БДП е намален, во вториот квартал има раст што се должи пред се на приватната активност, растат странските инвестиции кои се двојно поголеми од просекот на претходните години. Обезбедуваме раст што првпат по многу години е придвижен од приватниот сектор и тоа е добро и здраво за економијата, а не се должи на државни интервенции во нешто што не е потребно како споменици и фасади, изјави министерот Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања на свеченоста по повод Денот на штедењето.

Опозицијата на денешниот втор ден од расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2018 година побара оставка од минситерот поради лошите перформанси во економијата.

Во врска со извештајот објавен од Меѓународниот монетарен фонд за фискалната транспареност, рече дека тоа е нешто што е побарано од Министерството за финансии и Владата.

– Досега такво нешто не било барано. Сакавме институција што е кредибилна да влезе целосно да ја анализира транспарентноста и практично да ни покаже што се следни чекори за во иднина. Бидејќи во моментов и ММФ и СБ сериозно признаваат што е сработено во поглед на траспарентноста во последната 1,5 година. За се што се боревме кога бевме опозиција, а остануваат и некои важни работи што треба да ги направиме до крајот на годината и следната година, но извештајот на ММФ е пред се како една роуд мапа што треба да ни покаже каде треба да се движиме во следните години, изјави министерот.

Тој додаде дека за целосна транспарентност целиот извештај е објавен на веб страницата на Министерството за финансии, за да се прави притисок за наредните години Македонија да се движи по најдобрите светски пракси.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа