СДСМ: За еден месец Груевски сака да ги задолжи граѓаните со над 817 милиони евра!

Од:

„На крајот од мандатот, Никола Груевски предизборно ги задолжува граѓаните со нови и нови долгови и кредити коишто ќе ги враќаат идните генерации.

Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од ЕБОР од 181 милион евра, ново задолжување кај домашните банки од 42 милиони и 520 илјади евра за рефансирање, заем од 3,5 милиони евра кај домашните кредитори.

Вкупно 817 милиони евра за само еден месец!

Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател. Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост.

Никола Груевски, познат и како „господинот орочен“ во изминатите 10 години потроши 630 милиони евра за споменици.

Наместо да ги задолжува граѓаните, Груевски можеше дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на нови фабрики, нови патишта, за нови градинки, нови болници, нови училишта, нови железнички линии, за чиста и здрава животна средина.

На иднинте генерации, на младите, Никола Груевски им остава само нови и нови, огромни долгови.

Без резултати и без идеи Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните. СДСМ нема да дозволи нови задолжувања“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно

СДСМ: Патувањето на Мицкоски во САД се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Убиство во Србија, дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

СДСМ: Таравари се шета во Вашингтон и си објавува слики, додека пациентите страдаат

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на сигурен пат да исчезне

(ВИДЕО) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион

Катерина Ѓуровски