СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите.

За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство градат партнерски однос со земјоделците и откупувачите во сите гранки на земјоделството во насока да се создаде цврсто договорно производство.

Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги исполни барањата на производителите на зелка, откупната цена до празникот Велигден да биде 20 денари. Исто така, претставници на Министерството активно го следат откупот на зелка и се во постојана комуникација со производителите и откупувачите, а истовремено се работи на изнаоѓање решенија за непречен пласман и извоз не само за зелката туку и за другите земјоделските производи во текот на целата година.

Времето на притисоци, закани и понижувања на земјоделците заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата. Владата предводена од СДСМ и надлежните државни институции градат партнерство со земјоделците и активно работат на развој и унапредување на земјоделството“, се вели во соопштението на СДСМ, реакција на изјавата на Ромео Тренов од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби