СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ

Од:

„По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за краток период, успешните економски политики доведоа до тоа во вториот квартал од 2018 година, економијата, односно Бруто домашниот производ забележа раст од 3.1 отсто.

За споредба, само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, економијата забележа пад од – 1.3 отсто.

Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните.

Со реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ и враќањето на земјава на евро-интеграцискиот пат, во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите. Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален.

Во целиот овој период раководството на ВМРО-ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.ж

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сноси вината доколку се реализираат проценките на ММФ и Светска банка за намалување на проектираниот економски раст за годинава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани.

Клучни за понатамошен раст и развој на економијата е стабилна политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ