СДСМ: Власта води погрешна политика во земјоделството

Од:

СДСМ ја обвини Владата за погрешна политика во земјоделството, која, како што велат во партијата, резултирала со тоа половината од откупената пченица да биде неисплатена, а од 30 до 40 проценти од пченицата да остане во амбарите.

– Како резултат на погрешната аграрна политика на власта, пред две недели мелничарите донесоа одлука сите мелници кои ја немаа платено откупената пченица, да им ја вратат на земјоделците. Затоа сега повторно се зголемија количините на непродадена пченица која стои по амбарите, а нејзината цена е 8 денари по килограм, рече на денешната прес-конференција членот на ИО на СДСМ Татјана Прентовиќ.

Таа додаде дека по укинувањето на мерката за условен увоз од страна на Владата, која требаше да важи до 31 декември годинава, секој правен субјект во Република Македонија може да увезува пченица по цена од 170 евра за тон, а брашно по цена од 230 евра за тон, цени со кои, како што рече, нашите мелници не можат да бидат конкурентни.

– И покрај субвенциите, површините под пченица се намалени, а приносите се непроменети. Погрешните политики на власта во земјоделството не поттикна развој и конкурентност, туку загриженост и несигурност кај земјоделците. Затоа во последниве седум години имаме 20 000 хектари помали површини под пченица и 60 000 тони помало производство, рече таа.
Од СДСМ ја повикуваат Владата итно да го реши овој проблем на земјоделците со доплаќање на разликата до 15 денари по килограм, или да им ја откупи целата реколта на пченица за стокови резерви.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он