СДСМ: Владата предводена од СДСМ работи во интерес на земјоделците

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираат на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше, малтретираше и партиски ги делеше земјоделците, а државните мерки за помош ги злоупотребуваше за притисок и корупција.

Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина се грижеше за земјоделците, тогаш наместо да изнесува празни обвинувања, ќе објаснеше зошто преку своите кадри ја кочеше исплатата на субвенциите за тутунот.

Новата Влада предводена од СДСМ интензивно ги поправа штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ. За неполн месец успеа да ги реши сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Исплатени се две милијарди евра за субвенции во земјоделството, а наскоро комплетно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година за сите земјоделски гранки.

За решавање на проблемите со откупот на праските, воведена е дополнителна субвенција од шест денари за килограм предадени праски во преработувачка индустрија. Во меѓувреме, се анализираат проблемите со откупот на бостанот, се прават анализи и набрзо ќе има мерка за помош и на овие земјоделци, а паралелно се сублимираат и податоците за пријавените штети.

Владата предводена од СДСМ и понатаму ќе работи во интерес на сите земјоделци. Никогаш повеќе нема да има протекционизам и богатење на лажни земјоделци и притисоци и уцени кон вистинските земјоделци, како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници