СДСМ: „Викенд без ДДВ“ тројно го зголеми прометот на македонски производи

Од:

Мерката Викенд без ДДВ, која се реализира од 10 до 12 октомври претставува голем поттик за домашното производство и истовремено ги враќа парите кај граѓаните, обезбедува заштеда за потрошувачите, во форма на поврат на целиот данок на додадена вредност за купените домашни производи и ИТ опрема. Само на првиот ден од реализцијата на оваа мерка тројно е зголемен прометот на македонски производи, покажуваа податоците на Управата за јавни приходи, велат од СДСМ.

„Според проценките, преку оваа мерка за три дена ќе се оствари промет од барем 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени најмалку 17 милиони евра преку повратот на ДДВ. За да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, фискалната сметка издадена за време на „Викенд без ДДВ“ ќе мора во рок од три дена да се скенира преку апликацијата МојДДВ. Целосниот пресметан ДДВ ќе им биде исплатен на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, односно до крајот на месец октомври“, велат од партијата.

Викендот без ДДВ се спроведува за првпат во нашата држава, како дел оперативните мерки предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки креирани и усвоени од Владата предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски