СДСМ: Успешните аграрни политики донесоа повисоки откупни цени

Од:

„Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.

Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и на странскиот пазар.

Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.

Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм.

Тоа е зголемување од 67 отсто.

Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници