СДСМ: Стечајот на ФЕНИ е прв успешен стечај во Македонија

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гангстерско однесување, цензура врз медиумите, сомнителни договори и политики на насилство беа главните одлики на 11 годишното криминално и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести бидејќи не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ. Факт е дека комбинатот ФЕНИ работи и дека 700 вработени редовно земаат плата. Но исто така, непобитен факт е дека токму ВМРО-ДПМНЕ како соучесник дозволила да бидат испумпани околу 51 милион евра со цел ФЕНИ да згасне, а 700 семејства на лицата вработени во комбинатот долг период се соочуваа со агонија и загрозена егзистенција. Поради чесниот пристап и нормалното функционирање на институциите, стечајот на ФЕНИ е прв успешен стечај во Македонија и денес комбинатот работи непречено и сериозно придонесува во македонската економија.

Залудни и очајни се обидите за манипулација на ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија никогаш немало поголема медиумска слобода од онаа денес, кадешто новинарите и медиумите професионално, непречено и слободно ја извршуваат својата работа. Граѓаните ставија крај на пропагандата и расчистија со насилничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март