СДСМ: Стандард и Пурс ги потврдија штетните економски политики, итно е потребна нова реформска Влада

Од:

„Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди намалениот кредитен рејтинг на земјава на ББ- со што уште еднаш се покажа дека економските политики на досегашната власт се штетни за граѓаните затоа што меѓудругото ја втурнаа земјата во ранг на земји ризични за кредитирање.

Изминативе 10 години заради неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и заради нетранспаретното раководење на јавните финансии оваа кредитна агенција два пати го има намали кредитниот рејтинг на земјата, првиот пат во 2009 на ББ и втор пат во 2013 на ББ-.

Продлабочувањето на политичката криза зад којашто стои Груевски за да се спаси од одговорноста влијае штетно на економијата и од тие причини час поскоро потребно е да се одблокираат демократските процеси за избор на нова реформска Влада којашто ќе спроведува реални политики во интерес на граѓаните, а пред се транспаретно и отчетно раководење со јавните финансии!“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра