СДСМ: Се решава проблемот со младинската невработеност предизвикана од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ којашто изминативе 11 години ја креираше најголемата младинска невработеност од 53%, за што алармираа светски познати институции, креира и шири лажни вести на кои никој млад човек во Република Македонија повеќе не верува.

Додека младите луѓе масовно се иселуваа од земјата во потргага по достоинствена работа, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се богатеа на сметка на осиромашените граѓани, купуваа скапи парцели на Водно, и расипнички ги цедеа парите на граѓаните преку криминални тендери и зделки.

Владата предводена од СДСМ ги санира огромните штети што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на младите луѓе и обезбедува реални услови тие да останат да работат и живеат во Република Македонија.

Лажните тврдења на Оливер Пап за младинската гаранција покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е против и не сака државата да им помогне на младите за вработување, за продолжување на образованието, или за нивни тренинг и обука и затоа меѓудругото ги блокираат собраниските процедури за носење на законите кои се во интерес на граѓаните.

Со ребалансот на буџетот одвоени се 500 милиони денари за Младинската гаранција и државата финансиски ќе им помогне на фирмите да вработат млади луѓе или да обезбедат тренинг или обука, додека финансиски ќе им се помогне и на оние млади коишто ќе сакаат да го продолжат своето образование. Со планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува и услови за отворање на добро платени работни места за високообразовани кадри, а исто така за младите луѓе кои се занимаваат со земјоделство овозможена е еднократна финансиска помош до 10.000 евра.

Владата предводена од СДСМ ги отвора економските перспективи кои ќе обезбедат достоинствен живот и за младите луѓе и за сите граѓани на Република Македонија!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди