СДСМ: Ребалансот обезбедува повеќе пари за граѓаните

Од:

СДСМ во пишаното соопштение наведува дека преку криминалното и расипничко трошење на парите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски 11 години ја задолжуваа државата и граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеа за луксуз и криминално богатење на поединци.

– Токму ВМРО-ДПМНЕ преку криминалните тендери, лажните проекти, луксузирањата и договорените провизии, кратеше и од граѓаните и од Македонија и стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани живееше во долгови и сиромаштија. За разлика од таквиот расипнички и криминален однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ги намалува долговите и парите ги насочува назад кон граѓаните. Ребалансот на буџетот ги крати трошоците за луксуз, реклами и репрезентации и обезбедува повеќе пари кај граѓаните преку зголемена минимална плата, укинување на радиодифузната такса, трајно решавање на проблемот на стечајните работници и силната поддршка за домашните претпријатија, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да беа способни, немаше состојбата во државата да е таа што е

СДСМ: Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација