СДСМ: Проблемот со неплатените побарувања од минатото ќе биде решен од оваа Влада, во корист на лозарите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски не престанува да лаже, со лажната загриженост и лицемерие кон граѓаните и земјоделците.

Проблемите за кои Мицкоски денеска глуми загриженост се резултат на погубните и криминални политики на неговата ВМРО-ДПМНЕ оставени од пред неколку години.

Тоа е времето кога Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали и му беше советник на Груевски.

Проблемот со неплатените побарувања од минатото ќе биде решен од оваа Влада, во корист на лозарите.

Леже Мицкоски и за акцизите. Сите лозари кои произведуваат домашна ракија за домашни потреби до 200 литри чист алкохол или 400 литри или 500 литри вино се ослободени од акциза.

Оние лозари кои ке произведат од 200 до 1.000 литри чист алкохол или околу 2.000 литри домашна ракија ќе платат 30 денари за литар акциза и воедно се регистрирани како производители од мал обем.

Мицкоски не нуди ништо освен блокади, деструкција, лаги и лажна загриженост.

Но бадијала, фатен е Мицкоски во сите негови лаги, поразен од граѓаните за сите блокади“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март