Општина Прилеп, не го изгласа предлогот на СДСМ за доделување на парични средства во износ од 600 денари од буџетот на Општина Прилеп за 2012г. во траење од 4 месеци, ноември 2012 до февруари 2013 за социјално загрозените семејства, наменети како помош за надминување на доспеаните сметки за поскапената електрична енергија во наведениот период.
„За наше изненадување не наидовме на разбирање на советниците од мнозинството и сакам да ве информирам дека нашиот предлог беше отфрлен со 15 гласови од мнозинството на ДПМНЕ со нивните коалициони партнери, додека нашиот предлог го прифатија 11 советници.Сега би сакал нашите почитувани колеги да излезат на ова исто место и да им соопштат на сиромашните граѓани, за кои што беше и наменета оваа наша предлог мерка и да им објаснат колку и како се грижат за нивната сиромаштија и мизерија, изјави Сашо Велески.
Повеќе од видеото.