СДСМ поднесе интерпелација за претседателот на Регулаторна, кадар на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ, со коалициските партнери поднесе интерпелација за работата на претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров.

СДСМ, рече Игор Ивановски и даде рок од 48 часа на Владата да го разреши претседателот на Комисијата, бидејќи единствено таа е надлежна за именување и разрешување на вакви функциоенри. Бидејќи не се изјасни, очигледно е дека барањето не го прифаќа. И веднаш, рече, имаме повтороно покачување на цените на бензините, и инфлаторна спирала, секој ден, рече, се удира по џебот на граѓаните.

„Регулаторната комисија работи спортивно интересите на граѓаните. На ден спроти Илинден, беше донесена спорната одлука , укината е дневната ефтина тарифа, потоа донесен е скандалозниот правилник да се плаќа за топлинска енергија иако некое семејство се откажало од таков вид греење. Регулаторната комисија работи по нарачка на Никола Груевски“, рече Ивановски.

Посочи Србија ја врати ефтината тарифа и како и Франција се откажа од акцизите за бензините, а македонската Влада не се грижи за граѓаните.

Претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров, рече Иваносвки е поранешен претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, и затоа се критиките од Европската комисија за партизираност на регулаторните тела.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ