СДСМ: По лебот, намалени цени и на тестенините и млечните производи

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните. Десетина дена по одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на 33 денари, Владата предводена од СДСМ донесе нова одлука со која се корегираа цените на други прехрабени продукти“, велат од СДСМ.

„Па така, од понеделенк 13 март цените на тестенините, поточно на шпагетите и макароните, ќе се намалат за 15 отсто, односно за осум или девет денари во однос на цената која се применувала на први март во трговијата на мало во државата.

Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Намалување на цените од среда, 17 март ќе се применува и на млекото и млечните производи кои се намалуваат за 10 отсто.

Се намалуваат цените на млекотосо масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Преку одговорни навремени ефикасни мерки и политики продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите категории граѓани“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки