СДСМ: Обезбедни рекордни 1,1 милијарда денари за намалување на невработеноста

Од:

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалена невработеност, велат од партијата преку соопштение.

За таа цел, додаваат од СДСМ, обезбедени се рекордни 1,1 милијарди денари за имплементација на Оперативниот план за вработување за 2019 година, средтсва со кои ќе поддржи отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини.

„Минатата година преку мерките од Оперативниот план за вработување за 2018 година се вработија 3.934 граѓани. Реализацијата на Планот за 2018 година беше високи 95 отсто, што е доказ дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.

Мерките од Оперативниот план, зголемените странски инвестиции и зголемемната помош за домашните претпријатија резултираа со намалување на стапката на невработеност која на крајот на 2018 година изнесуваше 20,8 отсто.

Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за при што се опфатени и поединците и компаниите.

Реалното придвижување на економијата, напредокот во интеграциите, зголемената поддршка за малите и средни претпријатија поставуваат добра основа, стапката на невработеност дополнително да се намали и да биде под 20 отсто до крајот на годината“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?