СДСМ: Нови задолжувања на граѓаните, Ставрески сака парите да ги користи во предизборни цели

Од:

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување продолжува безобразно да ги задолжува граѓаните со нови и нови долгови.

Во текот на вчерашниот ден, избегнувајќи ја контролата од СДСМ, Зоран Ставрески на најбезобразен начин ги задолжи граѓаните на Македонија со нови 13 милиони евра.

Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за да обезбеди што повеќе средства за желботеките на неговиот кумашин, поранешниот премиер Никиола Груевски, на товар на идните генерации.

Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2,50% а на вчерашната е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а на вчерашната е 4,30%.

Со само две аукции и задолжувања Ставрески реализираше 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година.

Ова ново задолжување е во пресрет на очекуваната одлука од Управниот суд по тужбата што преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов ја поднесе СДСМ, откако стариот состав на Државната изборна комисија го отрфли барањето за ставање вето на домашните задолжувања повисоки од раздолжувањата.

Бидејќи до наредната аукција, според календарот, не доспеваат државни хартии од вредност за враќање, јасна е намерата на Зоран Ставрески овие пари да ги користи во предизборни цели.

Ова е доказ за намерите на Никола Груевски којшто се плаши и бега од фер и демократски предизборен и изборен процес“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он