СДСМ: Новата Влада ќе го поправи нарушениот углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и Европа

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на на прес конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше имаше 11 години да работи на зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните, но спротивно на тоа ВМРО-ДПМНЕ направи Македонија да биде една од земјите со најниска минимална и просечна плата во регионот и Европа.

Новата реформска Влада ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги поправи економските штети што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски им ги направија на граѓаните и државата!

Минималната плата ќе се зголеми на 12.000 денари до крајот на оваа буџетска година и таа ќе важи еднакво за сите работници, вклучително и за работниците од индустријата за кожа, облека и текстил. Фирмите од оваа индустрија ќе бидат финансиски поддржани од државата што ќе ја гарантира сигурноста на работните места.

Со одговорни економски политики новата Влада предводена од СДСМ ќе го поправи нарушениот економски углед на Македонија како една од земјите со најниски плати во регионот и Европа.

Ако ВМРО ДПМНЕ навистина мисли на граѓаните, а не на криминалните интереси на Груевски ќе ги подржи економските владини политики за зголемување на платите и отворање на нови работни места“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он