СДСМ: Нема да има намалување или укинување на субвенциите и тие нема да се користат како инструмент за притисок

Од:

СДСМ испрати писмено соопштение, реакција на прес-конференцијата на Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажна вест е дека Владата предводена од СДСМ ќе ги укине субвенциите за земјоделците. Земјоделците да бидат спокојни. Нема да има никакво намалување или укинување на субвенциите, но исто така тие нема да се користат како инструмент за притисок врз земјоделците или да се делат на лажни земјоделци како што беше за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, ќе се спроведе и анализа за досегашниот ефект од субвенциите.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои субвенциите ги користеа како инструмент за поткуп и притисоци врз земјоделците, Владата предводена од СДСМ, навремено и неселективно ги исплаќа субвенциите за земјоделците, а со домаќинското и одговорно работење обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува руралниот развој и севкупниот економски напредок“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

СДСМ тврди дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица