СДСМ: НБРМ го демантираше Груевски, рекордно ниско ниво на странски инвестиции во земјава

Од:

„Податоците на Народна банка покажуваат катастрофално ниско ниво на странските инвестиции во Македонија.

Според Народна банка, во јуни и јули оваа година, странските инвестиции во Македонија се на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово.

Овие поразителни податоци покажуваат дека погрешните политки на Никола Груевски ги бркаат странските инвеститори од земјава.

Народна банка го демантираше во целост Никола Груевски кој секојдневно се расфрла со наводни инвестиции.

Никола Груевски ветуваше милијарди евра инвестиции во Македонија. Излажа.
Груевски живее во нереален, имагинарен свет.

Типичен пример за тоа е авантурата со контраверзниот бизнисмен Субрата Рој. Груевски најави инвестиција од над 200 милиони евра во агро комбинатот Џумајлија и заедно со Субрата Рој ветија над 20.000 крави.

Ова никогаш не се реализираше а Субрата Рој заглави по индиските судови за сомнителни зделки.

Наместо странски инвестиции и отворање на нови работни места лошите политики на Никола Груевски доведоа до поразителни факти:

Од Македонија заминеле 626.312 граѓани, наголем број високо образовани млади луѓе, според објавени податоци на Светска банка!

Над 180.000 граѓани во Македонија едвај преживуваат со по 40 денари на ден! Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот!

Над 10.000 фирми се затворени а секоја трета е со блокирана сметка! Што и да ветува Никола Груевски доцна е! Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски