СДСМ: Миноски за Груевски го крие вистинскиот јавен долг и лаже за домашниот, ќе одговара

Од:

Огромниот јавен долг на Република Македонија стана уште поголем со потписот на Кирил Миноски на еврообврзницата со којашто власта на Груевски ги задолжи граѓаните нови 450 милиони евра. Со најновото незаконско задолжување од 450 милиони евра плус камати, јавниот долг на Р.Македонија надмина 50% од БДП, велат од СДСМ

„Министерството за финансии за време на 10-годишното расипничко владеење на Никола Груевски го дуплираше адворешниот долг, од 1.8 милијарди евра во 2006-та година на неверојатни 2.8 милијарди во 2016-та година. Вкупниот јавен долг што им го има направено Никола Груевски и неговата власт на граѓаните во 10-годишното владеење е огромни 2 милијарди и 500 милиони евра!

Тоа е суровара вистина за неразумната богаташка власт на Никола Груевски на сметка на осиромашените граѓани.
За Кирил Миноски откако ја потпиша незаконската еврообврзница и со тоа влезе во кривично дело, се што прави во продолжение изгледа полесно, но треба да знае дека се одговара – се одговара и за злупотреба и лаги и на официјална Веб страница на Министерството на финансии за партиски интереси.

На Веб страницата и денеска стои лагата дека домашното задолжување се приближувало кон 0.
На истата Веб страница, затскриено стои вистината, дека во јуни 2016 година, задолжувањето на земјава на домашниот пазар не само што не е 0 туки е милијарди, 79.793.960.000 денари или 1 милијарда и 300 милиони евра!

Тоа е вистината којашто ниту една монтирана лага на расипничката власт повеќе не ја покрива. Миноски е пуштен низ вода од Груевски, но СДСМ порачува, сите инволвирани во финансиското злосторство врз граѓаните ќе одговараат!

Ќе ја оспориме незаконската еврообврзница од 450 милиони евра како легитимен јавен долг на Р.Македонија.
Ќе ги преиспитаме сите незаконските задолжувања на домашниот пазар“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски