СДСМ: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја три пати поскапа, за 250 евра иако цената била 70 евра

Од:

Мицкоски нема познавања од енергектиката, зборува невистини по логиката којашто очигледно тој ја применувал. Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250e/MWh, во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh. Без никаква енергетска криза, се вели во денешната реакција на СДСМ по денешниот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.

Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра