СДСМ: Мицкоски глуми загриженост, а сноси директна одговорност за зголемување на загадувањето и поскапување на струјата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео-обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Се јави Христијан Хидро Мицкоски, човекот што сноси директна одговорност за зголемување на аерозагадувањето, поскапување на струјата и зголемување на сиромаштијата. Лицемерно денеска глуми загриженост Мицкоски за проблемот со загадувањето, после 11 годишно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и не преземање ништо.

Хидро Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ за 100 проценти ја зголемија цената на струјата, што влијаеше илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начин на загревање. Дополнително, заради криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо за загаденоста на воздухот.

Мицкоски молчеше 11 години за загаденоста на воздухот. Бизнисот со хидроцентрали што го доби од неговиот шеф, Никола Груевски, му беше поважен од здравјето на граѓаните.

Мицкоски да не глуми загриженост. Сега сите институции се посветени на решавање на проблемот со загадувањето.

После 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, конечно се преземаат сериозни мерки на краток, долг и среден рок кои имаат за цел да стават крај на долгогодишниот проблем.

Станува збор за сложен и долгорочен проблем за кој е потребно време, но сите институции се силно посветени на негово конечно решавање“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски