СДСМ: Лажна вест е дека Владата ќе ги намали или укине субвенциите за земјоделците

Од:

„Во очајнички обид да ги прикрие штетите од досегашното владеење и стравот од изборен пораз, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести.

Лажна вест е дека Владата предводена од СДСМ ќе ги намали или укине субвенциите за земјоделците. Напротив, со кратењето на трошоците и преку одговорниот пристап, се обезбедија нови дополнителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои ќе се искористат како директна и сериозна поддршка за земјоделците.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои субвенциите ги користеа како инструмент за уцени и притисоци врз земјоделците, Владата предводена од СДСМ, навремено и неселктивно ги исплаќа субвенциите за земјоделците, а со домаќинското и одговорно работење обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува руралниот развој и севкупниот економски напредок“, се вели во реакција на СДСМ на прес конференцијата на Драги Димитриевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ