СДСМ: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Македонија е во рецесија

Од:

СДСМ, по влегувањето на Македонија во рецесија, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, потсети дека од 2000-та година наваму македонската економија била три пати во рецесија. Во сите три случаи, велат,  на власт била ВМРО-ДПМНЕ, а задолжен за економијата бил Груевски, еднаш како министер за финансии, а два пати како премиер. СДСМ заклучува дека, рецесиите се обележје на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски.

СДСМ излезе со податоци дека според официјалните податоци, Европската Унија не е во рецесија. Германија, нашиот најголем трговски партнер каде што одат речиси 30% од со што продаваме во странство, не е во рецесија, во последните шест месеци има економски раст. Во второто тримесечје од годинава 15 земји од ЕУ имаат подобар економски резултат од Македонија, и заклучуваат  затоа премиерот Груевски молчи.

„И покрај сите укажувања за тоа што ќе се случува со македонската економија, и покрај сите неповолни случувања, Владата на премиерот Груевски не промени ништо во своето однесување, таа продолжи  расипнички непродуктивно да троши и да ги задолжува граѓаните. Кога секое семејство во Република Македонија, сега во услови на економски проблеми, поскапувања, неизвесност, ги крати сите непотребни трошења, се однесува рационално, внимава на секој денар, зошто тоа што важи за секое семејство не важи за Владата на премиерот Груевски? Зошто семејствата се стегаат, а Владата се луксузира? Затоа што Владата го изгуби контактот со реалноста, таа живее во некој свој свет далеку од граѓаните и не се грижи за народот, туку само за своите партиски интереси“, изјави Зоран Јовановски.

СДСМ, рече,  понуди 37 реални, конкретни, остварливи мерки за полесно да се преживее 2012 година, како за граѓаните така и за фирмите, а владата не реализираше ништо од тоа, таа покажа невидена тврдоглавост на штета на сите во земјава.

Таа не најде начин да се раздолжи кон фирмите за производите и услугите кои ги користела, а не ги платила, и не најде начин да им даде ваучер од 2 илјади денари на семејствата во кои никој не работи за да купуваат македонски прехранбени производи. Без оглед на со, ние ќе продолжиме да ја притискаме Владата да го коригира своето лошо однесување, до моментот кога сето ова што сега се случува ќе се промени од корен“, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски