СДСМ: Интервентниот фонд го зголемивме на 400 милиони денари, за зголемено земјоделско производство

Од:

Земјоделскиот сектор е најголем приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Во целиот овој период од почетокот на годинава, надлежните институции се ставени во полн погон со сите расположливи капацитети за да се реализираат програмските определби и да се дефинираат конкретни мерки за ублажување на кризата со јасни цели и видливи резултати рече на прес конференција Гоце Георгиевски претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ.

Од почетокот на годината до сега, Платежната агенција реализираше над 1 милијарда и 260 милиони денари, односно над 20 милиони евра субвенции за лозарите, поледелците, производителите на млеко од прва фаза, за малите земјоделски стопанства и другите дополнителни мерки, а следуваат и исплатите на субвенциите и за тутунопроизводителите, овоштарите, како и за производителите на градинарски култури. За овие категории, ќе бидат одовоени околу 2 милијарди денари или вкупно со досегашните исплати ќе се реализираат над 50 милиони евра, директни плаќања кон земјоделците. Преку Програмата за рурален развој, беа склучени договори за финансиска поддршка за набавка на добиток. Преку мерката, беа склучени рекордни 103 договори за поддршка, со буџетска помош од 253 милиони денари за зголемување на сточниот фонд на државата со нови 3842 грла добиток рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра