СДСМ: Груевски трошеше расипнички, со ребалансот на Буџетот парите одат кај граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавите на Никола Груевски.

„Никола Груевски се обидува да сокрие, но јавноста секојдневно сведочи како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесувале кон парите на граѓаните. Од ручеци и вечери од по стотици евра, преку милионски тендери за споменици и провизии за автопати, па се до барокни дворци, Груевски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ 11 години се луксузираа на сметка на осиромашените граѓани кои едвај преживуваа.

Спротивно од распничкото владеење на Груевски, ребалансот на Буџетот, ги следи реалните потреби на граѓаните и сериозно ги крати непотребните трошоци. Преку него, Владата предводена од СДСМ трајно ќе го реши проблемот со стечајците, ќе им помогне на приватните компании да исплатат зголемена минимална плата од 12 000 денари на околу 70 000 граѓани, а преку проектот „Младинска гаранција“ младите ќе добијат шанса за дообразување, вработување или платена пракса по завршувањето на образованието“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија