СДСМ: Цената на струјата остана иста, со евтина тарифа граѓаните заштедуваат до 11 милиони евра

Од:

„Концептот на владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки кои даваат резултат.

Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра“, соопштуваат од СДСМ.

„Ја вративме евтината тарифа на струјата која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан Хидро Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе за 100% а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи