СДСМ: Богов се брука со пиши бриши бројките за наводни странски инвестиции

Од:

„Гувернерот Богов дозволи и да се брука, во обидот да го спасува крахот на приказните на обвинетиот Груевски.

Богов, колку и да пумпа извештаи со лажни бројки за странски инвестиции, фактите се на празните ливади што можат да се видат и на овие фотографии.

Додека некои од нив никогаш не дојдоа во Македонија, иако им беа изградени и писти до локациите, а други секојдневно заминуваат, Богов се реши сам да си ги прогласи за неточни еднаш објавените бројки во неговите извештаи.

Така Димитар Богов, со штуро објаснување дека додал некакви нови статистики, извади нови извештаи во коишто тврди дека всушност странските инвестиции во 2015 година биле за 40 проценти повеќе, а за 2016 година дека биле за 17 проценти повеќе?!

И со вештачки напумпаните бројки не се корегира вистината дека Македонија останува на дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции, зад Косово, Србија и Албанија.

Економската клима во државата не може да ја смени Богов. Тоа ќе се случи со промените во декември“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ