СДСМ: 2023 со рекорден буџет за земјоделство, за поголемо домашно производство

Од:

Светската економска криза, покажа колку е важно домашното производство на храна и земјоделски производи.Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преку навремени и ефикасни мерки му помагаа на македонското земјоделство со цел да го зголеми производството и тоа да биде што поконкурентно на светските пазари рече на прес конференција Гоце Георгиевски од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

-б Претходната, 2022 година ја завршивме со рекордни 140 милиони евра исплатени во земјоделството. Таа грижа, таа поддршка продолжува и во 2023 година со нови 150 милиони евра поддршка.За оваа 2023 година имаме рекорден износ на земјоделскиот буџет и соодветно на тоа зголемени износи на програмите и мерките за директни плаќања.Една од клучните промени за 2023 е Програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициска програма со буџет од една милијарда и педесет милиони денари. Преку оваа програма и во 2023 ќе ги реализираме сите позитивни мерки кои постигнаа одлични резултати и огромен интерес кај земјоделците. Тоа се мерките рурална жена, млад земјоделец, набавка на опрема, системи за наводнување и сл рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он

СДСМ: Наместо со виновниците за трагедијата во Кочани, МВР се пресметува со млади за статуси на ФБ

Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Горан Наумовски