СДСМ: 2012 година на планот на инвестициите е полоша од далечната 1995-та

Од:

„Нервозата кај владиниот економски тим е до тој степен голема што постојано измислуваат, манипулираат и се користат со лажни бројки говорејќи само за минатото.

– Политиката на Груевски и на Ставревски не само што не ги даде резултатите туку и дополнително ја уназади економијата и ги оштети македонските фирми и македонските граѓани.

– Од тие причини Ставревски треба да каже како тој лично предвидуваше за 2012 година македонската економија ќе расте со 4,5 посто а веќе шести месец сме во рецесија?

– Како тоа Ставревски и неговиот шеф Груевски зборуваат дека сме подобри од Америка Јапонија и Германија кога за 9 месеци во Македонија влегле и останале само 44 милиони евра.

– Само за споредба, 2012 година на Никола Груевски и на Зоран Ставревски на планот на инвестициите е далеку полоша од далечната 1995 година кога Македонија не беше меѓународно призната и имаше економско ембарго и на северната и на јужната границата“, се вели во писмена реакција на СДСМ на денешнaта изјава на министерот за финансии Зоран Ставревски за странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди