СДСМ: 1.000 рудари се на улица, без работа!

Од:

„Виртуелните инвестиции на Груевски оставија 1 000 рудари без работа. Груевски ја зголеми невработеноста во Македонија за нови 1 000 лица.

Рудниците за олово и цинк, Тораница и Злетово, со коишто раководеше индиската компанија Индо минерали и метали, од вчера се во стечај. 1.000 рудари се на улица, без работа!

Компанија, според достапните информации, должи за концесија, неплатена струја, транспорт на суровините, неплатени придонеси, бенефициран стаж и четири плати на вработените!

Груевски накалеми нови долгови врз граѓаните. Долговите од виртуелните инвестиции на Груевски ги плаќаат граѓаните на Р.Македонија. Колку пари на граѓаните одат за виртуелните инвестиции, знае само Груевски.

Во договорите на Владата со виртуелните инвестиции стои XXXXXXXXXXXX сума. Потрошените XXXXXXXXXXXX пари на граѓаните од страна на Груевски, оставаат XXXXXXXXXXXX луѓе без работа. Од виртуелните политики на Груевски, над 180.000 граѓани во Македонија прежививуваат со 40 денари на ден!

Македонија е последна во регионот и Европа по странски инвестиции! Македонија е меѓу трите најсиромашни земји во Европа! По 24 април Македонија повторно ќе биде стабилна е економски просперитетна земја“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место