СБ прогнозира големо намалување на екстремната сиромаштијата во светот во 2015.

Од:

Екстремната сиромаштија ќе се намали на досега невидено ниво оваа година и таа ќе засега нешто помалку од десет отсто од светското население и покрај исклучително загрижувачките тенденции во Африка, се наведува во извештајот на Светската банка, објавен синоќа.

– Ние можеме да кажеме дека ќе бидеме првата генерација во светот, која ќе ја надмине екстремната сиромаштија, се вели во извештајот на претседателот на Банката, Џим Јонг-ким.

Годишната средба на на СБ и на Меѓународниот монетарен фонд ќе се одржи следната недела во Лима. Според последните податоци од 2012 година бројот на најсиромашни луѓе на планетата изнесува 902 милиони или 13 отсто од светското население. Во 1999 година нивната бројка била 29 отсто од населението.

Намалувањето на екстремната сиромаштија, според Ким, е резултат на динамичниот економски раст, инвестициите во здравството, образованието и социјалната заштита.

Тој се надева дека меѓународната заедница ќе доживее нов подем, откако ОН неодамна ги усвои новите цели за одржлив развој и надминување на екстремната сиромаштија.

Сепак за достигнување на оваа цел потребни се големи напори, се вели во документот и се додава дека за разлика од намалувањето на сиромаштијата во источна Азија, претежно во Индија или во Латинска Америка, екстремната сиромаштија во Африка, јужно од Сахара се зголемува и таа таму погодува 35 отсто од населението. Во тој регион живеат половина од најсиромашните луѓе во светот.

– Растечката коцентрација на сиромаштијата во Африка, јужно од Сахара е исклучително загрижувачка. Тој регион не успеава да го следи ритамот на намалување на сиромаштијата во останатиот дел од светот, се наведува во извештајот. Особено загрижувачка е состојбата во двете најпогодени земји, Мадагаскар и Демократска Република Конго, каде околу 80 отсто од населението живее под прагот на сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ