СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто

Од:

Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи.

Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.

Со проекцијата на СБ за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти и од 4 проценти во 2020 година.

Како и во есенскиот редовен извештај за економијата во ЈИЕ, СБ прогнозира раст од 1,5 проценти на македонската економија во 2017.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови