„САС“ го обвинува „Рајнер“ бидејќи биле многу евтини

Од:

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајнер“ ризикува висока парична казна, откако скандинавската „САС“ ја обвини за измама со тарифи, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во ноември лани „САС“ достави формална поплака до скандинавските воздухополвни власти дека ирскиот „Рајнер“ плаќа премногу ниски такси за своите летови.

Според „САС“, „Рајнер“ пријавува во европскиот воздухополвен орган „Еуроконтрол“ премногу ниска стартна тежина на своите авиони. Пониската стартна тежина подразбира и плаќање пониски такси, со оглед на тоа што висината на таксата е базирана врз стартната тежина на авионот и бројот на километрите во воздух.

И француската компанија „Ер Франс“ го обвинува „Рајнер“ за истиот вид измама, а што произлегува од интерните документи на „Ер Франс“ до кои дошол данскиот весник „Берлинске бизнис“.

Германаскиот „Ди Велт“ пишува дека „Рајнер“ би можел да заработи казна од над 50 милиони евра врз основа на таков вид измама. „Рајнер“ во својот одговор на споменатите обвинувања наведува дека само ги следи одредбите на ирските органи за безбедност на воздушниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици